Мицкоски најавува договор за СЈО после избори, Заев ветува дека обвинителите ќе решаваат за предметите

by Фокус

Законот за јавно обвинителство кој ќе го уреди идниот статус на Специјалното јавно обвинителство посериозно ќе дојде на дневен ред кај власта и опзицијата после претседателските избори.

– Работните групи работат, се разменуваат документи. Сега се фокусирани на изборите и по избори ќе се заврши таа работа. И сега има можност да се заврши нека ги прифати амандманите и може да гласаме во собрание – изјави синоќа Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, пак, вчера изјави дека нема политичарите да ја одредат иднината на предметите, туку тоа ќе го направат обвинителите.

-Треба правниот систем, обвинителите, да ја добијат шансата и да утврдат што ќе биде преточено во обвинение, каде судовите ќе продолжат постапки и слично – рече Заев.

Поврзани новости