Вулин: Половина од македонската територија е на пат кон голема Албанија

by Фокус

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин на државниот руски канал „Русија 24“ изјави дека „светот нема да ја сопре несреќата на Балканот доколку допушти создавање на голема Албанија“. Како што рече тој, половина од македонската територија е на патот на големата Албанија.

-Кога Северна Македонија ќе стане членка на НАТО, а тоа се очекува веќе оваа година, сите Албанци ќе живеат во единствено политичко и безбедносно опкружување. Тие бараат формализација на нивната територија преку граници. Сите земји молчат. Црна Гора многу често ја напаѓа Србија, но не и голема Албанија, иако таа сака да земе дел од нејзината територија. И Северна Македонија многу често ќе ја напаѓа Србија, го призна Косово без било какви проблеми, а половина од нејзината територија е на патот на голема Албанија. Сите молчат, само Србија зборува – рече Вулин.

Тој оцени дека и покрај тоа што во Србија нема консензус за Косово, нејзин интерес е да ги заштити Србите на Косово.

Поврзани новости