„Дали сите предложени лица гласале и да не даваат изјави пред ОБСЕ“, вели „вработена“ во ВМРО кон соговорник

by fokus

Со презентација на материјални докази во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжи рочиштето за предметот „Титаник“, што се однесува на изборни нерегуларности.

Јавниот обвинител Бурим Рустеми презентираше документи, списоци од избирачки места. СЈО пушти телефонски разговор меѓу (наводно) вработена во центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ  и соговорник од кој се слушна како „вработената“ од ВМРО го прашува соговорникот дали сите негови предложени лица гласале и му укажува да не даваат изјави пред ОБСЕ.

На тоа соговорникот и потврдува дека се ќе биде како што бараат. За овој доказ реагираше адвокатот Василевски, бидејќи, според него, ова е незаконски снимен разговор од страна на новинарка и побара да не се цени во постапката.

 

Поврзани новости