309
Претседателот Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Прилеп се осврна на случајот Онкологија, укажувајќи дека институциите како Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија и Министерството за здравство, не само што не постапуваат по наодите на Државна ревизија, туку неправилностите само се продлабочуваат.
-Имаме индиции дека тоа што се случува на Клиниката за онкологија, се случува и на други клиники – кажа Мицкоски за време на посетата на Прилеп.
Тој додаде дека се истражуваат овие наводи и наскоро за тоа ќе излезат во јавноста.
-На канцер мафијата мора да и се стави крај – порача Мицкоски.