Мицкоски: Имам дадено кристално чисти одговори за сите национални прашања

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прослава на УМС рече дека тој за сите национални прашања има дадено кристално чисти одговори.

-Кога станува збор за националните прашања нема тема за која не сум дал кристално чист одговор. Било да е за името, преспанскиот договор, било да е за договорот со Бугарија, или Уставот. ВМРО и јас со моите соработници заедно одевме по улиците, малаата, се бориме со пратениците и заедно со народот против секоја неправда. И ВМРО има избистрена слика за националните и стратешки интереси на Македонија како никој друг во државата. Ние сме Македонци со македонски јазик, идентитет и историја, со заслужено членство во НАТО и заслужуваме брзо членство во Европската Унија. И тука ја затвораме оваа дебата, а било кој има некаков сомнеж за било која битна тема во иднина,доколку треба да се заштитат интересите… Воопшто не ме прашувајте дали ќе се приклучи ВМРО, планирајте ми однапред бланко место на браникот на националните и државни интереси, затоа што тоа е нашата долност, рече Мицкоски.

Поврзани новости