Влада за „Фокус“: ФФМ сама си одлучува за името

by fokus

Откако Грција испрати жалба до УЕФА за името на ФФМ – Фудбалска федерација на Македонија, „Фокус“ побара став од Владата по ова прашања. Од Владата велат дека називот на ФФМ е одлука на органите на Федерацијата.

-ФФМ е здружение регистрирано врз основа на Законот за здруженија и фондации. Не е државен орган или јавна институција формирана со закон. Затоа називот на ФФМ е одлука на органите на Федерацијата, согласно нејзиниот статут.
Rепрезентацијата од друга страна ја претставува државата и игра под официјалното име на државата Северна Македонија и кодот МКД или МК, објаснуваат од Владата.

Претходно, и министерот Бујар Османи истакна дека името на ФФМ не е предмет на менување поради Преспанскиот договор, бидејќи ФФМ е здружение на граѓани и не е финансирано од државата.

К.С.Б.

Поврзани новости