Мицкоски: Граѓаните да бидат гласни против лагите и корупцијата

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски откако го оствари правото на глас на претседателските избори изјави дека очекува демократски ден со масовна излезност.

-Денеска е ден кога граѓаните треба да бидат гласни, со ливчето и пенкалото во рака позади гласачката кутија, масовно да излезат и да одлучат еднаш засекогаш да бидат поразени неправдите во Република Македонија. Да победи правдата. Граѓаните треба да бидат гласни против лагите, корупцијата, невладеењето на правото, немањето на демократија во државата, нечесните политичари, наспроти честитоста, искреноста и принципиелноста. Oчекувам ова да биде демократски ден, со масовна излезност. Посакувам успешен ден, ден во кој ќе победи демократијата во Република Македонија, порача Мицкоски.

Поврзани новости