Заев: Да избереме успешно претседател на државата и да избереме претседател којшто ќе не води напред

by Fokus

Премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев по гласањето во Струмица рече дека гласањето е чест, право и граѓанска должност.

„Како одговорен граѓанин на нашата земја, излегов и гласав. Секој ваков ден на гласање е убав и важен, кога граѓаните на најдиректен начин, на демократски начин, носат важни одлуки за својата земја. Гласањето е  чест,  право, и граѓанска должност.

„Денеска очекувам сите наши граѓани да изберат Претседател на Република Северна Македонија.  Од сите нас се очекува сериозна одговорност доколку постигнеме две работи, да избереме успешно претседател на државата и секако да избереме претседател којшто ќе не води напред“, изјави Заев.

Според него, „сериозна зрелост ќе покажеме сите ако демонстрираме демократичност во нашиот избор, ако изборите бидат успешни, ако го држиме единството во нашата земја, и силно чекориме напред кон современиот свет, каде што припаѓа нашата земја, Република Северна Македонија“.

Поврзани новости