Мицкоски: Гордо се именувавме како Македонија, додека Заев поради криминал не нe прекрсти во Северна Македонија

by Fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се огласи на својот фејсбук профил околу решавањето на спорот со името.

„И покрај сите притисоци гордо се именувавме како Македонија и Македонци, и покрај сите неправди преку нашите спортисти Светот не именуваше и препознаваше како Македонија и Македонци. И беше вака се додека не се појави Зоран Заев, човек кој единствено поради личен интерес и заштита на криминалот прифати смена на името во Северна Македонија. Затоа избори на кои народот ќе одлучи дали е за понижена Северна Македонија или достоинствена и успешна Република Македонија! – истакна Мицкоски.

Поврзани новости