Деветнаесетгодишен пациент заболен од морбили, се наоѓа во потешка состојба

by Fokus

Министерството за здравство информира дека до 13:00 часот вакцинирани се 24 деца или вкупно 4. 328 деца со МРП вакцини.

Во текот на вчерашниот ден на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби примен е 19 -годишен пациент, префрлен од Клиниката за детски болести, кој добил морбили и е во потешка здравствена состојба. Амбулантски прегледани се 4 деца суспективни за морбили, на возраст од 7 месеци до 2 години. Сите 4 деца се пуштени на домашно лекување. Постабилна е здравствената состојба на детето со церебрална парализа кое беше во потешка состојба. Исто така, подобрена е и постабилна состојбата и на 8- годишното девојче кое има астма и се заразило со морбили и варичела. Во моментов, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојбиима вкупно 18 пациенти со морбили (мали сипаници) – се наведува во соооштението од ресорното министерство.

 

 

Поврзани новости