Мицкоски до Заев: Остави ги луѓето на раат, не врши притисоци за законот за обвинителство!

by Фокус

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека не се водат никакви разговори со СДСМ околу Законот за обвинителство. Како што изјави тој, СДСМ ако собере мнозинство може да го донесе законот во скратена постапка, меѓутоа, според него, тоа е скандалозно.

-Колку повеќе губиме време во создавање на артефицијални мнозинства, толку повеќе ги разочаруваме граѓаните, затоа што граѓанинот чуствува дека не е суверен на својот глас, затоа што бадијала граѓанинот излегува да гласа кога некој како Заев ќе може да формира на сила парламентарно мнозинство од 80 пратеника или 50 или 61, и ќе поддржи определено законско решение. Да не ве чуди ова што денеска ни се случува во насока на празнење на државата – изјави Мицкоски.

Тој додаде дека повторно се случува пазар на отворена сцена како со уставните измени, што, според него, се премолчува, па дури и охрабрува.

-Тоа за мене е скандалозно. Не само што се уништува интегритетот на луѓето туку треба да се вразумат тие што го прават тоа дека на краток рок уништуваат човечки животи. Апелирам, да ги остават луѓето на раат. Немојте да вршите притисоци – рече Мицкоски.

Лидерот на ДПМНЕ рече дека ние сме можеби единствената држава каде што имотот на опозицијата е замрзнат, а сите што сакаат да ја помогнат опозицијата се напаѓаат со сите можни инспекции.

Поврзани новости