Осуденик на доживотна робија побегнал од келијата, но бил најден на покривот на затворот

by Фокус

Албанскиот државјанин А.Д., кој е осуден на доживотна робија за извршени разбојништво и убиство, успеал ноќеска да побегне од келијата каде ја издржувал казната, но утринава е најден на покривот на затворот „Идризово“.

Според надлежните, осудениот бил во својата келија при проверката во 19 часот, но во 07 часот било забележано дека избегал.

Тој успеал да ја исече заштитна решетка од келијата која се наоѓала на третиот кат, меѓутоа за час и половина бегалецот бил најден на покривот на затворот.

Поврзани новости