ВМРО-ДПМНЕ: Без закована шајка Владата веќе треба да им плати 300 милиони евра на Бехтел и Енка

by fokus

ВМРО -ДПМНЕ и претседателот  Христијан Мицкоски денеска на брифинг со новинарите презентираа бројки од Договорот за изградба на коридорите со Бехтел и Енка, за кои рекоа дека тие го имаат добиено од свиркач и ќе продолжат да го анализираат и објавуваат детали.

-Ковачевски и Груби изгледа не го прочитале договорот. Ние истиот го добивме од свиркач. Она што го објавуваме никој не го демантираше. Затоа наши тимови ќе продолжат да го обработуваат договорот. Многу е важно да разбереме кои се обврските кои Владата ги презела сега и веднаш, велат од партијата.

Пресметката која беше презентирана:

Договорот е потпишан на осми март. Таа дата се нарекува ефективна дата и од нејзе понатаму произлегуваат многу обврски.

Втор важен елемент е 18 април. Заклучно со оваа дата државата требало да ги испорача сите работи од специјалниот закон. Во самиот овој закон стои дека ќе биде зголемена работната недела на 60 часа.

На 18 април е потребно да биде испорачано се што е земено како обврска. Врз осмова на нашата анализа ништо досега не е испрачано.

Првата обврска која државата ја презема е исплатата на аванс. Во рок од 45 од потпишувањето државата треба да исплати аванс од 50 милиони евра.

Втората ставка е делот со сумата која треба да се исплати за подготовка на градилиште од 117 милиони евра. Првите 87 милиони во рок од 14 дена, а остнатите 30 милиони 45 дена по потпишувањето.

Вкупно 167 милиони евра кои треба да се исплатат до 22 март. Дали се тие исплатени не знаеме.

Има точка капитални индиректни трошоци. Тоа е менаџирање на проектот и на месечно ниво се испплаќаат 2.920.000 евра. За месеците март и април треба да се исплатат 5.840.000.

За пеналите

Во делот 18 од Договорот, државата презела обврска дека ќе го смени Законот за работни односи на 60 работни часа неделно. Ако тоа не се случи, изведувачот има право да го продолжи рокот на изведба за минумум 6 месеци.

Истовремено, државата треба да плати пенали од минимум 53 милиони евра, кои ќе бидат додадени на сумата од 117 милиони евра за подготовка на градилиште. Дополнителните 53 милиони евра треба да ги плати до 6 мај.

Вториот основ е секој месец 1.265.000 евра кои се додаваат на онаа сума од 2,920.000. Овие 1.265.000 се плаќаат секој месец до крај на проектот, без разлика дали во меѓувреме ќе го донесеме законот за работни односи. Тоа се околу 80 милиони евра до крај на проектот. Со оние 53 тоа се вкупно, 123 милиони евра.

Третиот тип на пенали се 900.000 евра секој месец. Кога ќе биде донесен законот за работни односи, тогаш ќе престанеме со плаќање на овие средства.

-Заклучно со април тоа се 300 милиони евра што за пенали, што за авансно плаќање што веќе треба да бидат исплатени без една шајка да биде закована и еден багер да проработел, заклучија од партијата.

Катерина Смилева Божиновска

Поврзани новости