Мицкоски бара уставни измени: Ајде граѓаните да бираат јавен обвинител

by Фокус

Ајде да го измениме Уставот со подршка на сите политички партии и нека бираат граѓаните јавен обвинител на непосредни избори, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за Слободен печат.

-Ајде таква реформа да направиме, да не го нуди ни ВМРО-ДПМНЕ, ни СДСМ, да нема комромиси, туку јавен обвнител кој граѓаните ќе си го изберат. Ајде да договориме да не старее економскиот криминал, и да не биде само избрано или именувано лице. Да видиме што се случува во бизнисот, во администрацијата, во правосудството. Ние имаме административци со по неколку станови, вили, возила стекнати со плата. Да видиме како ги стекнале. Имаме судии и обвинители кои располагаат со сериозни имотни листови. Да учиме на успешни примери како оној од Естонија. ВМРО-ДПМНЕ ќе нема концесија кон никого – вели Мицкоски во интервјуто.

На прашањето дали тоа го вклучува и Никола Груевски, Мицкоски рече:„Вклучувајќи го…секого, кога велам никого, мислам на никого, нула“.

Поврзани новости