506
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска повтори дека ќе ја напушти политиката доколку макар и еден пратеник од неговата партија гласа за уставните измени.
Мицкоски рече дека оди чекор понапред и му предлага на премиерот Димитар Ковачевски на првата седница на Собранието по годишните одмори да се стави точата за уставните измени.
-Доколку тогаш собере 80 пратеници што би гласале за промена на Уставот, јас веднаш ќе го исполнам даденото ветување, рече Мицкоски во Тетово и додаде дека доколку нема 80 пратеници, тогаш да одиме на предвремени избори.