Повредените деца во автобуската несреќа префрлени во српските клиники

by fokus

Дел од децата повредени во автобуската несреќа во Бугарија денеска се транспортирани во српските клиники. Со пет возила на бугарската итна медицинска помош седум полесно повредени лица се префрлени на српската граница каде ги чекаа седум возила на итната помош од Ниш од каде се транспортирани на клиниките во Белград.

Две деца кои беа со потешки повреди утрово со две возила на Брза помош од болницата во Стара Загора се пренесени во „Пирогов“ и таму остануваат на понатамошно лечење. Утрово бугарскиот министер за здравство Асен Меџидиев рече дека над нив ќе бидат извршени и хируршки интервенции.

Во болницата во Стара Загора под лекарски надзор пак остануваат две возрасни лица со абдоминални повреди.

Во автобуската несреќа која се случи нешто по 20 часот на автопатот Тракија се превезувале вкупно 49 патници, од кои 38 биле деца, а 11 возрасни. Надлежните во Бугарија велат дека најверојатно човечка грешка е причината за несреќата со српскиот автобус на автопатот Тракија.

Поврзани новости