167
Премиерот Христијан Мицкоски упати критики до претходната влада предводена од СДСМ и ДУИ, за која рече дека ја оставила администрацијата демотивирана, со нарушена доверба и со луѓе кои се чувствуваа оставени на цедило.
Тоа време, рече премиерот, завршило, и додаде дека јавната администрација веќе нема да биде партиски плен, туку ќе биде професионална, ефикасна и ќе работи за граѓаните.
– Македонија е дел од европското семејство и реформите во јавната администрација се клучен дел од тој процес, истакна министерот за јавна администрација, Горан Минчев.
Тој рече дека во срцето на јавната администрација се крие иднината на нашата држава.