Албанскиот парламент го потврди четвртиот мандат на Еди Рама: Целта ми е членство во ЕУ до 2030

by irena 17:25
17:25

Еди Рама, единствениот кандидат за премиер на Албанија, доби поддршка од 82 од 140 пратеници, објави Ројтерс.

Неговата Социјалистичка партија освои четврто последователно мнозинство на парламентарните избори одржани во мај.

„Албанија 2030 во ЕУ е централен дел од овој мандат. Европска Албанија е водечки принцип за секој аспект од нашата програма и метроном за ритамот на секоја реформа“, им рече Рама на пратениците.

Како што објави Ројтерс, угледот на Албанија е нарушен од корупциски скандали, а аналитичарите предупредуваат дека земјата останува „центар за криминални групи кои перат пари од трговија со дрога и оружје, што го отежнува пристапувањето во ЕУ“.

Слични вести