Мисајловски: Нема тендер што не е наместен, со државата владее мафија

by fokus

На денешната собраниска седница се обрати пратеникот и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ, Владо Мисајловски, кој кажа дека во четири години владеење на СДСМ на сите огромни скандали нема никаква политичка одговорност.

Мисајловски обвини дека огромни проблеми има и со јавните набавки и дека нема тендер кој што не е наместен од страна на власта што е серизоен проблем во борбата против корупцијата.

– Од четири години за никој од власта политичка одговорност нема. Апсолутно нема, може прогон против ВМРО постојано да има но во моментов за власта за никој нема. Прво нешто што го спомнавте како главен приоритет се јавните набавки. Јас тука ќе бидам директен, кажавте убави формулации како треба да се спроведува, но јас ќе ви кажам директно нема тендер кој што не е наместен. Убаво наведувате акциски планови формули но што ќе се спроведе. Бидејќи слушнавте колку има наместено тендери. Моментално слушаме за Рашковски тендерите дали има вистина во тендерите за ископ и дали има вистина во сите оние тендери што ги чувме со некои фантомски фирми за вакцини, дали има вистина за тендерите оние во здравството и така натаму, рече Мисајловски.

Тој истакна дека државата е станата мафијашка со сите скандали и афери од страна на СДСМ и дека со вакво владеење повеќе од јасно е дека мафијата има своја држава.

– Јавно кажувам јас ќе го подржам овој документ. Ќе го поддржам навистина, но од тоа да има ефект бидејќи ова е законска обврска и да не испадне дека се носат само планови стратегии само затоа што има законска обврска. Државава ни станува мафијашка држава. Јас кога почнав со првиот говор тука премиерот министрите ја формираа владата кажав дека мафијата си доби држава и сега гледаме овој мозаик, и овие коцки како полека една по друга се лепат и гледаме дека навистина со оваа држава владее мафија, дополни Мисајловски.

Поврзани новости