Филипче: Ситуацијата е сериозна, имаме благо зголемување на притисок врз ковид центрите

by fokus

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека состојбата низ болниците секојдневно се менаџира според потребите, исполнетоста и отворањето на нови места за хоспитализација, но предупредува дека ситуацијата е сериозна.

-На утринскиот состанок со директорите на Клиниките разменивме информации во однос на состојбата. Ситуацијата е сериозна и во овој момент имаме благо зголемување на притисокот врз ковид центрите, односно во текот на вчерашниот ден имало поголем број на нови хоспитализаци. Мерките даваат резултат, но потребно е максимално придржување до истите за да го надминеме и овој епидемиолошки бран.

Поврзани новости