Министерството за правда дало негативно мислење за помилувањето на Бедри Зекири

by fokus

Министерството за правда дало негативно мислење за помилување на Бедри Зекири, чие име се најде меѓу затворениците кои ги помилувал, претседателот Стево Пендаровски, велат за „Фокус“ од Министерството.

Според одлуката објавена денеска во Службен весник, Зекири делумно се ослободува од понатамошно извршување на неиздржаниот дел од казната затвор, односно казната му се намалува за шест месеци.

Претседателот помилувал член на нарко – картел кој се обидува да го „освои“ подземјето

Според нашите инфромации, Зекири е новото презиме на Бедри, порано се презиваше Бериша и е дел од новата нарко група „Барон“ која се обидува да воспостави контрола во скопското подземје откако веќе почнаа да се истребуваат лидерите на двете главни групи „Дуќанџик“ и „Беланоца“.

Управата за извршување на санкции пак во понеделник ќе проверува дали затворот „Идризово“ одлучувал за индивидуално или колективно помилување и дополнително ќе соопштат дали дале позитивно или негативно мислење.

Според информациите оттаму, Бедри во април барал индивидуално помилување.

На веста за помилувањето реагираа и од Кабинетот на претседателот од каде објаснуваат дека Зекири поднел молба за помилување за две кривични дела, а со со помилувањето од 6 месеци ќе треба да издржува затворска казна до 2027 година.

Пендаровски за Бедри Зекири: Доби намалување од 6 месеци, затворска казна ќе одлежува до 2027!

Ф.Ф.С.

 

Поврзани новости