Тројца руски дипломати прогласени за персона нон грата, Москва најавува одговор

by Фокус

Тројца руски дипломати се прогласени за персона нон грата, односно за непожелни во земјава од страна на македонските власти, соопшти амбасадата на Руската Федерација во земјава преку објава на социјалните мрежи, во која се пренесува коментар на портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

Потегот на македонските власти, како што се наведува, се случил на 12 септември, без објаснување на причините.

Русија прогласувањето на тројцата дипломати за непожелни го оценува како неодговорен и непријателски чин и најавува дека нема да остане без одговор.

Засега од македонската страна нема потврда на ваквиот потег.

Поврзани новости