Пендаровски за Бедри Зекири: Доби намалување од 6 месеци, затворска казна ќе одлежува до 2027!

Зекири има поднесено молба за помилување за извршени 2 кривични дела – убиство во обид и учество во тепачка, за што вкупната затворска казна му е 4 години и 11 месеци.

by Фокус

Откако „Фокус“ објави дека лицето Бедри Зекири се најде меѓу лицата кои ги помилувал претседателот Стево Пендаровски, реагираа од кабинетот на претседателот Пендаровски, истакнувајќи дека Зекири поднел молба за помилување за 2 кривични дела, а со помилувањето од 6 месеци ќе треба да издржува затворска казна до 2027 година.

„Лицето Бедри Зекири има поднесено молба за помилување за извршени 2 кривични дела – убиство во обид и учество во тепачка. Вкупната затворска казна му е 4 години и 11 месеци. Комисијата за помилување како соведотавно тело на претседателот Пендаровски едногласно му предлага на претседателот да биде помилуван за 6 месеци. Со ова помилување, лицето Бедри Зекири затворската казна ќе ја издржува до 2027 година“, велат од Кабинетот на Пендаровски.

Претседателот помилувал член на нарко – картел кој се обидува да го „освои“ подземјето

Ф.Ф.С.

Поврзани новости