Милошоски: Ние не можеме да влијаеме врз власта за законот за обвинителство, но ЕУ може

by Фокус

Опозицијата нема ресурси да ја убеди власта во што поскоро време да се донесе Закон за обвинителство, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, кој воедно е член на работната група на опозициската партија.

-Но, доколку ЕУ го поврзе донесувањето на овој закон со условите коишто на Македонија дополнително ќе и овозможат перспектива или подобар имиџ во ЕУ, тогаш може тоа ќе помогне владата да биде посериозна – рече Милошоски.

Претходно, министерката за правда Рената Треневска – Дескоска рече се уште нема никакви поместувања меѓу работните групи на власта, меѓутоа, додаде таа, постои неформална комуникација и темата за законот за обвинителство ќе биде отворена на средбите за измените на Изборниот законик.

Поврзани новости