Турски државјани задржани во полиција откако неовластено се движеле кај Министерство за одбрана

by fokus

Вчера пред полноќ, двајца турски државјани биле задржани во полиција, откако неовластено се движеле во кругот на Министерство за одбрана.

„На 30.09.2019 во 23.50 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека од страна на АРМ биле задржани двајца странски државјани, кои неовластено се движеле во кругот на Министерството за одбрана. Лицата биле приведени во Полициската станица Центар и било утврдено дека станува збор за Б. А.(19) и Т.Е.Ш.(20), двајцата од Република Турција. Се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР.

Поврзани новости