Дескоска: Нема поместување за законот за обвинителство, но постои неформална комуникација со опозицијата

by Фокус

Министерката за правда Рената Десковска – Треневска изјави дека се уште нема никакви поместувања меѓу работните групи на власта и опозициската ВМРО-ДПМНЕ околу законот за обвинителство.

-Постои неформална комуникација помеѓу тимовите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ – рече Десковска, посочувајќи дека во однос на оваа тема ќе биде разговарано на средбите за измена на Изборниот законик што почнуваат денеска.

Пред неколку дена, премиерот Зоран Заев од Њујорк изрази верување дека во текот на неделава ќе оддржи средба со опозицискиот лидер Христијан Мицкоски во насока на, како што рече, постигнување на договор за законот за обвинителство.

-Се надевам дека ќе изнајдеме решение, покажавме демократска зрелост, понудивме Обвинителство за гонење на висока корупција. Како секаде во регионот, така и во нашата земја има потреба од таква работа, каде што на предлог на опозицијата би се предложил самиот јавен обвинител – рече Заев.

Поврзани новости