Милошоски не доби едночасовна пауза, па говореше на исклучен микрофон

by Фокус

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, на денешната парламентарна седница неколку минути говореше на исклучен микрофон.

Спикерот Талат Џафери го „исклучи“ Милошоски, бидејќи не сакаше да седне на своето место по завршувањето на процедуралната забелешка.

Милишоски всушност побара да го добие дневниот ред во испечатена форма и еден час пауза, меѓутоа Џафери не му додели едночасовна пауза.

Инаку, Милошоски побара повлекување на Законот за јазици од дневниот ред, но мнозинството не го изгласа овој предлог.

Поврзани новости