Милошоски: Да се вештачи телефонот на Заев, тој е главата на оваа рекетарска шема

by fokus

Врз основа на исказите што се добиваат од случајот „Рекет“ во судницата, МВР и Обвинителството за борба против организиран криминал, без разлика до каде стигнале со вештачењето на телефоните на Боки 13 и Зоки Кичеец, да почнат да го вештачат телефонот на господинот Зоран Заев што го користел во периодот кога имал интензивни средби со Боки 13, побара денеска Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Изјавата дека Зоран Заев во телевизијата 1ТВ, за чие нелегално финансирање знаел и соучествувал, според досега добиените снимки на 3 април 2019 година, го предупредил првообвинетиот Боки 13 дека го следат странски служби и обвинители. Тоа значи дека сакал да го прикрие делото, во кое најверојатно Зоран Заев бил главата на оваа рекетарска шема“, рече Милошоски на денешната прес конференција.

Тој повика Заев да седне на судските клупи, за како што рече, да го даде својот придонес во разоткривањето во шемата за рекетирање на приближно 20 милиони евра од повеќе стопанственици земјава.

„Втората работа што исто така зачудува е тоа што господинот Зоран Заев, доколку навистина го пријавил случајот за кој нема записник во обвинителството на 22 април, прашање е зошто молчел од 3 април кога го предупредил Боки 13 до 22 април. Тоа отвора дилеми, дека Зоран Заев не само што бил глава на рекетарската шема, туку бил и главниот бранител за тоа како од него ангажираните рекетари да ја менаџира штетата и да гледа да ги заштити во рамките на неговото влијание во обвинителството и судството“, рече Милошоски.

Поврзани новости