Милошоски: Бујар Османи ниту еднаш не го сретнал советникот Зафировски

by Fokus

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, ниту еднаш не се сретнал со советникот на премиерот Зоран Заев, за односи со Франција, Љупчо Зафировски, потврди од собраниската говорница пратеникот Антонијо Милошоски.

Според него невозможно е еден ваков советник да не соработува или да помогне во процесот за подобрување на односите со Франција и напредок на преговорите за прием на Македонија во ЕУ.

– Посебно е чудно што овој советник за кој не знаеме што точно работи и прима хонорар од 1200, нема трансакциска сметка во Македонија и хонорарот го добива во Србија, повтори Милошоски.

Поврзани новости