Бубевски: Го држат СЈО во вештачка кома

by fokus

Обвинителот од СЈО, Гаврил Бубевски, денеска ги коментираше анкетите кои покажуваат пад во довербата кај јавноста кон Специјалното јавно обвинителство. Според Бубевски, СЈО овој период нема никакви други активности освен на предметите каде веќе се поднесени обвиненија и кои се во судска постапка.

-Разбирливо ми е ова затоа што и законодавецот и општеството во овој момент го држат СЈО во некаква вештачка кома. Со одлуката на Врховен суд со непостапувањето и по едно од обвиненијата во судот, се осеќа дека одлуката на Врховен си нашла свој пат и во овој момент освен судење за тие обвиненија што сме ги поднеле во рокот, ние освен документација што прибираме, други наши активности нема и со самото тоа нормално е луѓето да немаат доверба во нашата работа. Ама тоа многу брзо ќе се крене само да ги добиеме можностите – изјави Бубевски.

Поврзани новости