Микиќ: Серолошката студија во мај ќе покаже колку од населението било изложено на корона вирусот

by fokus

Епидемилогот Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје во гостувањето на ТВ 24 најави дека во мај ќе се прави серолошка студија, односно тестирање на населението кое покаже колку луѓе биле изложени на корона вирусот и развиле заштитни антитела.

-Во план е во мај да се направи студија за серопроваленца, да утврдиме колкав број на наслението било изложено на корона вирусот и развило одредени заштитни антитела. Веќе пред јуни ќе ги имаме резулатите колку од луѓето го прележале вирусот. Серолошката студија ќе ни укаже колкав е имунитетот и според тоа ќе утврдиме кои старосни групи се поризични. Според тоа ќе се направат постапки како да се нормализира животот, рече Микиќ.

Поврзани новости