Левица до македонските партии: Ајде да потпишеме ,,македонска платформа”

by Fokus

Левица објави понуда до сите македонски политички паритии за потпишување Македонска платформа во пет точки, со цел утврдување национален консензус заради, како што велат, превенција од постојните уцени при составување Влада.

Од партијата додаваат дека уцените кои доаѓаат од партиите на албанското малцинство (потписници на т.н. Тиранска платформа) – а со единствена цел да се запре понатамошното разградување на Република Македонија и нејзино претворање во полупротекторат:

1. УНИТАРНОСТ – надминување на федералниот, консоцијациски бинационален модел на држава и напуштање на заостанатиот апартхејд-модел за гетоизација на етничките заедници и националните малцинства;

2. ТЕРИТОРИЈАЛЕН ИНТЕГРИТЕТ И СУВЕРЕНИТЕТ – oрганизирање на Република Македонија во една изборна единица и забрана на монолитни и чисто етнички партии;

3. ИДЕНТИТЕТ – распуштање на т.н. Историски комисии за ревидирање на македонската антифашистичка историја и одлучно „не“ за внесувањето на Бугарите во Уставот;

4. СЕКУЛАРНОСТ – строго одделување на верските заедници и религиозни групи од државата и јавните институции и нивно одданочување;

5. ДРЖАВНИ ИНСТИГНИИ – строга контрола и надзор над правилната употреба на државните симболи (грбот, знамето и химната) од страна на државните органи, општините и приватните субјекти при сите прослави и манифестации.

Поврзани новости