Мемети: Да не се ограничува слободата на бегалците

by Фокус

-Би сакал да потсетам дека слободата е важна и за сите оние кои поради разни причини ги напуштаат своите земји во потрага по помирен и подобар живот. Токму затоа на никој не смее да му биде, ниту ограничена слободата на движење,  ниту правото да бараат азил во другите земји. Оттука  уште еднаш потсетувам на потребата од хуман третман на овие лица.

Ова го порача Народниот правобранител Иџет Мемети по повод Денот на човековите права.

-Слободите се универзални и подеднакво мора да ги ужива секој без разлика на кое место од земјината топка се наоѓаат, на која раса, пол или вера и припаѓаат. Затоа сите ние треба да ја почитуваме слободата на другиот, различниот од нас, ако сакаме и тој да ја почитува  нашата слободата. Само взаемноста и почитувањето се одлики на хуманоста како врвна човечка одлика“, порачува Мемети.

Поврзани новости