Се поставува жица на преминот Меџитлија

by Фокус

Македонските власти започнаа со поставување жичена ограда и на граничниот премин кон Грција, Меџитлија.

Според портпаролот на АРМ Тони Јаневски, поставувањето започнало уште вчера, врз основа на заклучоците од Управувачкиот комитет, со кои АРМ добила задача „да ги спроведе потребните тактичко-технички мерки во однос на поставување на жичана ограда онаму каде ќе се оцени дека е потребно“.

– Во текот на вчерашниот ден АРМ започна со поставување на жичана ограда на граничниот премин Меџитлија, во согласност како и со поставувањето кај на ограда кај Гевгелија. Мерките ќе продолжат онолку колку што е потребно односно според добиените насоки и задачи од Управувачки комитет. АРМ само ги извршува доделените задачи во однос на мерките на заштита, вели Јаневски.

Поврзани новости