Медицински сестри од Кавадарци оделе на домашна посета кај заболениот од корона вирус, сместени се во домашна самоизолација!

by Fokus

Три медицински сестри од Итната служба во ЈЗУ Кавадарци се во домашна самоизолација, бидејќи во изминатиот период оделе на домашна посета кај лицето позитивно на корона вирус, инаку сопруг на докторка од Кавадарци, која исто така е позитивна на вирусот.

Веста за ,,Фокус” ја потврди лекар од болницата, кој информира дека пациентот бил на повеќе одделенија во болницата изминатите денови, односно на ренген и во лабораторија.

-Сестрите кои се во домашна самоизолација одеа во неколку наврати во домашна посета кај пациентот, кој примаше терапија. Тоа е факт кој што не може и не смее да се крие. Во исчекување сме на мерките кои што надлежните планираат да ги превземат во случајот – вели докторот вработен во ЈЗУ Кавадарци, а чиј идентитет е познат на редакцијата ,,Фокус”.

Тиквешијата е вознемирена поради веста дека докторка од болницата е позитивна на вирусот и граѓаните бараат одговори кога последен пат била на работа и дали имала контакт со многу пациенти, но и со колеги од ЈЗУ Кавадарци.

,,Фокус” побара одговори од директорот на болницата, Др. Диме Коцев, кој ни изјави дека е на состанок и не може да открива детали во овој период.

Вики Клинчарова

Поврзани новости