ГАЛЕРИЈА: Градските власти дезинфицираат, граѓаните на пролетна прошетка

by Fokus

Додека екипи и механизација на јавните претпријатија на Град Скопје заедно со Бригадата за противпожарна заштита денеска го дезинфицираат Скопје, дел од граѓаните го искористија топлото време за прошетка.

И покрај апелите дел од нив, некои и без заштитни маски, дел и од повозрасната категорија не и оддолеаа на пролетта и се надвор од своите домови.

„Акцијата за дезинфекција ќе продолжи и утре. Се дезинфицираат сите јавни површини, со целосната механизација и опрема која ја има Град Скопје и јавните претпријатија. Како градоначалник на Скопје апелирам до граѓаните да останат дома, да не се шетаат по паркови, на Водно или на кеј. Тоа што ги чистиме и дезинфицираме јавните површини не значи дека сега граѓаните можат слободно да излезат на прошетка. Препораките на Владата и Министерството за здравство се да останеме дома бидејќи само така ќе спречиме ширење на вирусот“, вели градоначалникот Петре Шилегов.

 

Поврзани новости