Меџити: Разочарувачка е и длабоко неправедна пресудата во Хаг за нашите водачи

by irena 18:22
18:22

„Славната историја на нашиот народ не може да се оцрни со одлуки, што ѝ служат на неправдата, а не на вистината“ – посочува сопретседателот на ВРЕДИ – Изет Меџити.

Тој повика на продолжување на „борбата за правда и вистинското толкување на историјата на косовската војна“.

„Борбата за вистинската историја и правдата заслужува и мора да продолжи до својата победа“, напиша Меџити.

На крајот од реакцијата, тој пренесе директна порака против хашката пресуда за косовската осудата на ОВК.

„Не на осудата на ОВК во наше име!“ – напиша Изет Меџити во објавата на општествената мрежа.

Претходно, вчера Изет Меџити имаше истакнато на Фејсбук:

„Војната на косовската УЧК беше војна за слобода, за достоинство и за ослободување на нашиот народ. Очекуваме да се донесе праведна одлука од неправедното и противречно судење во Хаг на поранешните команданти на УЧК во Хаг, што ќе ја потврди нивната невиност, бидејќи тие се бореа за ослободување на Косово. Борбата за слобода не може да се изедначува со злосторство; жртвата со сторителот. Жртвата за ослободување на Косово не треба да стане политичка агенда за противниците на независноста и државноста на Косово. Името на слободата денес го носат со храброст и достоинство нашите водачи, кои се неправедно во Хаг“.

Слични вести