Загина странски државјанин во пукотница во Будва – уапсен е напаѓачот

by irena 22:32
22:32

Едно лице загина во пукањето што се случи вечерва во Будва, додека полицијата, по потера, приведе едно лице и пронајде два пиштола, соопшти Управата на полицијата на Црна Гора.

Според информациите од полицијата, во пукањето учествувале странски државјани, а според црногорските медиуми, меѓу учесниците имало и турски државјани.

Како што се наведува во соопштението, пукањето било пријавено околу 21:10 часот во дежурната служба на Одделението за безбедност во Будва.

По пристигнувањето на местото на настанот, полициските службеници констатирале дека едно лице е мртво, по што поставиле блокади на патиштата и започнале интензивни активности за идентификација и пронаоѓање на сторителите.

За време на потрагата, полицијата лоцирала и привела едно лице, а на местото на настанот биле пронајдени два пиштола и други траги што би можеле да бидат важни за истрагата.

За инцидентот е известен надлежниот државен обвинител од Вишото државно обвинителство во Подгорица, кој раководи со истрагата и натамошните истражни дејствија.

Слични вести