2
Семејна расправија во гостиварско село заврши со физички повреди. Интервенираше полицијата откако 52-годишен маж истури врело кафе врз својата сопруга.
„На 15.09.2026 во 23:30 часот во гостиварско село, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Б.К.(52) од селото, постапувајќи по претходна пријава од неговата 40-годишна сопруга дека во семејниот дом, по кратка расправија, истурил врело кафе врз неа, при што таа се здобила со изгореници. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, велат од МВР.