1
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека влада на национално единство е сè уште можна, бидејќи израелскиот народ знае како да се обедини во „моменти на вистината“ – еден ден откако остро ги критикуваше обидите за формирање влада без него, обвинувајќи ги арапските пратеници дека го поддржуваат тероризмот и дека се стремат кон уништување на Израел.
Тој рече дека „ќе продолжи да ја подава раката“ кон потенцијалните партнери во идната израелска владејачка коалиција.
„Вчера објаснив зошто е неопходна влада на национално единство. Денеска сакам да кажам зошто таа е можна“, им рече Нетанјаху на новинарите, пренесува „Тајмс оф Израел“.