Силуваше 60 годишна сограѓанка – притвор за 77 годишник

by irena 20:45
20:45

Драган Г. (77) од Приедор (БиХ) е уапсен под сомнение дека во својот дом силувал сограѓанка (60) и ѝ нанел физички повреди.

По спроведената криминалистичка истрага и сослушувањето, Основниот суд во Приедор му одреди едномесечен притвор.

Нападот бил пријавен во полицијата минатиот викенд, по што истражителите веднаш реагирале и го уапсиле осомничениот.

Според досегашните резултати од истрагата, 77-годишниот маж, употребувајќи физичка сила, ја принудил оштетената во својот семеен дом на сексуален однос, при што ѝ нанел и физички повреди, дознава ATV.

Откако полицијата ја завршила криминалистичката истрага, осомничениот бил предаден на Окружното јавно обвинителство во Приедор.

Главниот обвинител на Основното јавно обвинителство (ОЈО) во Приедор, Слаѓана Мариќ, потврди дека постапувачкиот обвинител предложил одредување притвор поради сомневање дека осомничениот ги сторил кривичните дела силување и нанесување телесни повреди.

„Притворот е предложен поради посебни околности кои оправдуваат страв дека осомничениот ќе повтори кривично дело за кое може да се изрече казна затвор од три години или потешка казна“, изјави Мариќ.

Основниот суд во Приедор го прифатил предлогот на обвинителството и донел одлука со која на Драган Г. му е одреден притвор во траење до еден месец.

Слични вести