Сексуално ја злоставуваа својата ќерка, па ја нудеа и на пријател од БиХ за да го отплатат долгот

by irena 22:23
22:23

Брачен пар од Германија е осуден на долгогодишни затворски казни за тешко сексуално злоставување и силување на сопствената ќерка.

Судскиот совет го осуди 45-годишниот татко на 11 години и шест месеци затвор, додека 41-годишната мајка доби казна од девет години и шест месеци затвор.

Во случајот е вмешан и нивен семеен пријател, кој поседува двојно државјанство – на БиХ и на Хрватска.

Според наводите, германскиот пар му ја препуштил својата ќерка на тој познаник, третирајќи ја како сексуален објект.

Овој 54-годишен маж е во бегство и за него е распишана меѓународна потерница.

Според обвинението, родителите во текот на повеќе од една година постојано ја принудувале својата тогаш единаесетгодишна ќерка на сексуални односи. Подоцна, во злоставувањето се вклучил и семејниот пријател.

Родителите наводно дури му се заканувале на девојчето со електрошокови. Во обвинението се наведува дека таткото имал големи долгови кон 54-годишникот.

Случајот бил откриен откако девојчето му се доверило на еден наставник. Наставникот ја известил Службата за заштита на деца и млади, која се грижи за девојчето – кое сега има 13 години. Обвинетите одбија да сведочат пред судот.

Во меѓувреме, таткото веќе бил во затвор во Северна Рајна-Вестфалија поради обид за измама. Претходно тој бил осудуван и за ширење порнографски материјали.

Мајката, пак, беше уапсена минатата недела. Судскиот совет очигледно го оценил претходно приложеното вештачење од психолог како особено тешко за обвинетиот, па заклучил дека постои ризик од бегство.

Слични вести