Истекуваше гас во училиште во Грција – во болница 26 затруени

by irena 22:10
22:10

Тринаесет ученици и 13 вработени се пренесени во болници по истекување на гас за време на работи за одржување на базенот во училиштето „Касарија“ во грчкиот град Коропи. Поради инцидентот, основното училиште и градинката беа веднаш евакуирани, а екипи на противпожарната служба и брзата помош беа упатени на терен, објави „Prothotema. gr“.

Според информациите, 13 ученици беа пренесени во Детската болница „Аглаја Киријаку“, додека 13 возрасни лица од училишниот персонал беа испратени во болницата „Сотирија“ поради вдишување гас.

Од 13-те деца кои беа хоспитализирани, пет веќе беа прегледани и пуштени на домашно лекување, додека за преостанатите осум прегледите продолжуваат.

Противпожарните екипи вршат детални проверки на лице место за да ги утврдат причините за истекувањето и да овозможат безбедно повторно отворање на училишните простории.

Слични вести