Меџити: Османи е поголем дел од времето во авион, како ќе се занимава со чаирчани?

by Fokus

Досегашниот претседател на огранокот на ДУИ во Чаир, Изет Меџити, вели дека од медиумите дознал дека е сменет од оваа позиција, и дека на негово место е поставен министерот за надворешни работи, Бујар Османи, објави Телма. Како што вели Меџити, функцијата „координатор за политички процеси во огранок“ не ни постои во партијата. Тврди дека одлуакта е нестатутарна и нелегитимна бидејќи не поминала низ партиските органи.

Одлуката, вели, е уште почудна затоа што чаирчани Османи не можат да го сретнат ни кога не е на функција, а камоли сега кога е партиски портпарол, член на претседателството, министер и претседава со ОБСЕ.

-Поголем дел од времето е во авион, а не да се занимава со структурата на партијата во Чаир. Мислам дека ова е резултатот на големиот митинг наш и јасната порака на граѓаните и на гласачите од кои излегуваат критики и незадоволство за функционирање на министрите, вели пратеникот Меџити.

Меџити не побарал да се сретне со Ахмети, за да добие објаснување, го чека неговиот следен потег.

После ова, вели,може да се очекуваат и потези што никогаш не биле својствени за ДУИ, па дури и исклучување од партијата на тие што се отворено против актуелните министри од оваа партија.

-Во 20 години немало исклучување од партијата, но може да се случи и таа е тенденцијата да ние дојдеме во ситуација да не го препознаваме ДУИ, дециден е Меџити.

Поврзани новости