Меџити: Не би трошел пари за ПР, со нив ќе реновирам тоалети на клиниките

by Fokus

Министерот за здравство Фатмир Меџити не би трошел пари од Министерството за здравство за ПР, туку тие средства би ги искористил да се реновираат три четри тоалети на скопските клиники.

Тој ова го изјави на преконференцијата по повод сто дена ос стапување на функцијата, во одговор на новинарско прашање како ќе ја коментрира изјавата на неговиот претходник Беким Сали објавена на социјалните мрежи дека е „пишман аџија“.

„Не сум некој љубител на социјални мрежи, ниту на ПР. Кога ми викаат дека треба да платиме големи суми за ПР јас им велам подобро тие пари да ги потрошиме да реновираме три-четири тоалети на клиниките. Јас сум човек од акција и не би сакал да коментирам, и сакам тука да ставам едсен рез хируршки. Јас нема да се занимавам со минатото, за мене многу се поважни сегашноста и иднината на граѓаните“, рече Меџити.

Поранешниот министер Беким Сали вчера на социјалните мрежи објави коменатр:

„Пишман аџија. Вчера го отпушти затоа што мислел дека е штететен за здравството, па дури и на својот претседавач му дал ’вознемирувачки информации’ за директорот на кардиохирургија, додека денеска сака да го земе за советник, бидејќи смета дека е ’добар за Министерството за здравство’.Одете и запознајте го Фатмир Меџити!“.

Поврзани новости