Маж загина откако го приклештил неговиот автомобил за банкината на патот

by fokus

Во несреќен случај загина 58-годишен маж, кога бил приклештен од неговиот автомобил, од кој излегол на кратко. Несреќата се случила ноќеска после полноќ, на автопатот Св.Николе-Скопје.

-Во 01.30 часот било пријавено дека на автопатот Св.Николе – Скопје, пред наплатна станица Миладиновци, патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(58), застанало и Б.К. излегол од возилото. Во еден момент возилото се придвижило наназад и со задниот дел го притиснало Б.К. во банкината на патот, по што починал на местото на незгодата. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, велат од МВР.

Поврзани новости