Масовно пукање на погреб на момче кое загинало во пукање

by Fokus

Едно лице загина, а три други се повредени откако вооружен маж отвори оган во Вашингтон на погреб 24-годишен маж кој и самиот беше убиен во пукање минатиот месец.

Пукањето се случило пред погребалното претпријатие, веднаш по богослужбата за 24-годишниот Стефон Ламонт Керол. Додека ожалостените ја напуштале погребалната куќа околу 12:30 часот по локално време , напаѓачот отворил оган. Тој побегнал со возило и во моментов се наоѓа во бегство.

Полицијата соопшти дека лицето кое требало да биде погребано, исто така било убиено како резултат на вооружено насилство. Останува нејасно што го мотивирало пукањето на неговиот погреб денеска.

„Лицето што беше погребано беше жртва на убиство на крајот на март, па на барање на семејството дополнително ќе го прошириме присуството на полицијата во погребниот простор. Како последица на насилството, нивниот близок починал. Некој реши да не го почитува семејството на ова ниво и да го изврши овој бесмислен чин на насилство на погребот на ова дете“, рече началникот на полицијата.

Семејството побарало присуство на полиција на погребот бидејќи се плашеле и очекувале вооружен инцидентот.

Поврзани новости