Марјан Шокаровски на местото на разрешениот кардиохирург Јовев, како директор на Кардиохирургија

by Fokus

Министерството за здравство денеска преку соопштение информираше дека за нов директор на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија е назначен д-р Марјан Шокаровски, кој е дел од тимот на клиниката уште од нејзиното основање.

Д-р Шокаровски е супспецијалист по кардиохирургија, завршена во Универзитетски клинички болнички центар- Загреб, Хрватска со повеќегодишно хируршко и академско искуство во оваа област, раководител е на оперативниот блок, ангажиран е и како асистент на Медицински факултет-Скопје.

Тој е дел од тимот на досега извршените трансплантации на срце во нашата држава, вклучен и во иновативните хируршки интервенции на срце со минимален инвазивен пристап. Исто така се едуцирал во повеќе земји, како  Германија, Австрија, Англија, Франција, Бугарија, Србија и присустувал на голем број меѓународни конгреси.

За нов организациски директор на Клиниката за државна кардиохирургија е назначен Исак Јакупи.

Пред две недели од оваа функција по барање на министерот за здравство Фатмир Меџити беше разешен кардиохирургот Сашко Јовев, кој во изјава за „Фокус“ тврдеше дека го тргнале од директорското столче бидејќи го избрал датумот кој го предложи предложил премиерот Димитар Ковачевски за настан за отворањето на хибридната сала.

Јовев, исто така истакна дека ќе го тужи министерот ако не ја промени одлуката.

Ирена Мулачка

Поврзани новости