Маричиќ: Имаме многу енергија, имаме многу знаење

by Fokus

Имавме одличен почеток на билатералниот скриниг, со јасни и добро подготвени презентации, препознаени и од експертите од Европската комисија, изјави заменик претседателот за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ, по завршувањето на првиот дел од билатералниот состанок во Брисел за Поглавјето 5, „Јавни набавки“, кое е во рамки на Кластерот 1, „Фундаментални вредности“.

– Покрај деталните презентации коишто ги направивме на полето на законската и институционалната рамка за Јавни набавки на Република Северна Македонија одговаравме и на прашања на Комисијата и покажавме високо ниво на подготвеност. Ова е за нас поттик да продолжиме понатаму и што побрзо и што поуспешно да ги завршиме скрининг состаноците. Тоа ќе ни даде една целосна слика колку сме успешни, каде имаме уште многу работа, и во кој временски рок можеме да ги заклучиме преговорите. Имаме многу енергија, имаме многу знаење и многу работиме за да дојдеме до зацртаната цел – членство во Европската Унија до 2030 година, истакна вицепремиерот Маричиќ.

Поврзани новости