Малолетничка се превртела со трактор во Кумановско, загинал 63-годишен сопатник

by Fokus

МВР информира дека вчера попладне во 17.20 часот било пријавено дека на локален пат во с. Тромеѓа, Кумановско, трактор управуван од малолетничка од с.Тромеѓа излетал од патот и паднал во канал.

На местото на несреќата починал сопатникот М.С.(63) од с. Младо Нагоричане, а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт.

Со телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.

Поврзани новости